(Видео) Инцидент во Кочани: Учесниците на „Маршот на ангелите“ го затекнаа обвинетиот поранешен градоначалник во кафеана со актуелен кандидат


Инцидент имаше денеска во Кочани при маршот на ангелите, откако учесниците го затекнаа обвинетиот за пожарот во „Пулс“, поранешниот градоначалник Ратко Димитровски, во кафеана во друштво на актуелен кандидат за градоначалник на Кочани од една партија, јавија повеќе медиуми од источнит крај.
 
Учесниците на Маршот за ангелите кои проаѓаа покрај објектот ги видоа заедно и вербално се соочија со нив.
 
-Заради предизборниот молк, името и делот од видеото со актуелниот кандидат за градоначалник на Кочани, медиумите не го објавуваат, а најавуваат дополнителна објава на тој материјал. 

Инаку, попладнево во Кочани се одржа 27. „Марш за ангелите“ по дождливо време и според вообичаената маршрута, но без давање официјална изјава од нив, што досега беше начин на комуникацијата на родителите на починатите со јавноста. 

Преку испишаните пораки на транспарентите, тие и денеска за трагедијата во „Пулс“ ги обвинија институциите, од кои  бараат правда и праведно судење. Десетина минути беше блокиран сообраќајот на улицата „Стево Теодосиевски“, кај двојниот мост на Кочанска Река.

Маршот за нивните ангели родителите го почнаа од „Паркот на Револуцијата“, од каде се упатија кон Трговскиот центар. Марширањето продолжи кон Основниот суд со кратки запирања пред зградата на УЈП и Полициската станица. 

27. „Марш за ангелите“ во Кочани денеска заврши каде  и што почна – во „Паркот на Револуцијата“.