Роберт Милошески именуван за в.д. градоначалник на Општина Брвеница по смртта на Јовица Илиевски


Советот на Општина Брвеница на вонредна седница донесе одлука досегашниот претседател на Советот, Роберт Милошески, да биде именуван за вршител на должноста градоначалник на Општината, по смртта на градоначалникот Јовица Илиевски.

Од Општина Брвеница информираат дека одлуката е донесена со мнозинство гласови, согласно член 54 став 1 точка 2 и став 5 од Законот за локална самоуправа.

-Роберт Милошески ќе раководи со Општината и ќе управува со нејзините работи сe до распишувањето и одржувањето на предвремените локални избори за нов градоначалник. ​Поради преземањето на новата функција, на Милошески му мирува функцијата во Советот, по што Советот на Општина Брвеница, на истата седница, за нов Претседател на Советот го избра советникот Мирослав Даиловски. ​Општина Брвеница останува посветена на континуитетот на услугите кон граѓаните и реализацијата на тековните проекти во служба на сите жители, стои во соопштението на Општина Брвеница. 

Градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски, почина на 58-годишна возраст на 23 јуни 2026 година.