РКЕ ќе ги одреди новите цени на струјата и парното греење
Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) денеска треба да ги донесе одлуките за цената на електричната енергија и за парното греење за скопјани што ќе важат во текот на наредната година. Според неофицијалните информации нова цена на струјата ќе има од септември, а во предлогот стои поскапувањето да изнесува 7,5 проценти. Сепак во текот на вчерашниот ден беа реазгледувани жалбите од компаниите и ако е усвоена некоја од нив, можно е процентот минимално да варира.
Претседателот на РКЕ Марко Бислимоски неодамна потврди дека сите енергетски компании во земјава побарале зголемување на цената на електричната енергија поради зголемените трошоци и намалената потрошувачка, како и проблемите со ликвидноста што ги предизвика пандемијата со Ковид-19.