Ристоска: Очекувам да бидам државен јавен обвинител, не се пријавив да ги нервирам премиерот и власта
Во времето на СЈО имав етикета дека сум „вмровка“, дека сум обвинителот во СЈО којшто е вмровец, кога СДСМ беше на власт. Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт сега наеднаш сум машата на Заев, ј„сдсмовка“ во први борбени редови, вели Ристоска
Очекувам да бидам избрана за државен јавен обвинителка , затоа и конкурив, порача во 24 Анализа обвинителката и кандидатка за државен јавен обвинител Ленче Ристоска. Ристоска и покрај „војната“ во која е со премиерот и ВМРО ДПМНЕ тврди дека очекува мнозинството на ВМРО ДПМНЕ да ја избере .
„Не се пријавив да ја нервирам власта, туку бидејќи сериозно мислам дека имам што да понудам како квалитет. Јас не сакам да верувам дека некој ме ставил во категорија непријател на власта. Тоа би било еден многу незрел потег за политички делување . Сметам дека постои одговорност кај носителите на извршната и законодавната власт за оние кои ги донеле на власта, граѓаните . Бидејќи граѓаните очекуваат државниот јавен обвинител да работи во нивен интерес, а не во интерес на партијата или било кои центри на моќ. И граѓаните се тие што на избори даваат оценка за политиките на власта . И сметам дека доколку постои политичка зрелост , мојат кандидатура вреди и тоа како да се разгледа. И искрено ви кажувам дека јас се гледам во ново поглавје како државен јавен обвинител“, вели Ристоска.
Ристоска е децидна дека премиерот со придавката „медиокритет“ за измените ан Кривичниот законик апсолутно мислел на неа.
„Да, апсолутно се препознав во овие навреди на премиерот, односно изјава, исто како што се препознав во едно друга изјава дека обвинителот за врски со Европравда зема три пати поголема плата од другите обвинители, бидејќи единствен обвинител во Европравда што го имала држава досега сум само јас. И јас земам иста плата како сите други обвинители во ОЈО Скопје. А во ова конкретна изјава се препознав бидејќи јас сум единствена обвинителка од поранешното СЈО што некогаш сум ги критикувала измените на КЗ, и во 2023 и сега. Јас сум свесна дека ние сме јавни функционери и подложни на јавни критика и критиките се добродојдени, но сметам дека јавната комуникација мора да има ниво. Јас никогаш не сум кажала јавно дисквалификации ниту за јавни функционери, ниту за политичари, ниту за политички партии, затоа што кога ги вршиме јавните функции ние сме цело време јавни функционери. Сметам дека мојата реакција беше исклучиво дефанзивна и насочена јас да си го одбранам мојот професионален интегритет, а со тоа и интегритетот на ОЈО и предметите во кои што имам постапувано“, изјави Ристоска.
Очекува заштита од Советот најавни обвинители по пријавата, како и судска разрешница на тужбата за клевета против ВМРО-ДПМНЕ.
„Тужбата за јавните напади на ВМРО-ДПМНЕ кон мене дојде во момент кога се интензивираа и премина во друга сфера, кога се заборава дека мојата улога веќе не е поранешен обвинител во СЈО, туку актуелен обвинител којшто води две постапки каде се засегнати интересите на партијата. Една кривична постапка каде партијата е обвинета за перење пари, друга кривична постапка каде е замрзнат имотот согласно обвинението дека противправната корист завршила кај партијата. Во ваква ситуација јас не сметам дека ваквото соопштение и квалификации се да се наведи Ленче Ристоска, туку да се влијае на тоа како обвинителката постапува по конкретен предмет и да се изнуди некаква поповолна положба за нив. Ова е форма на влијание и загрозување на мојата сигурснист. Изреагирав првпат јавно бидејќи освен поддршката од јавноста за борбата против високопрофилната корупција, јас не добив никаква институционална заштита. Доколку некој застанеше зад мене, не лично зад мене туку зад интегритетот на мојата обвинителска работа, немаше сега за ова да разговараме“, вели Ристоска.
Таа тврди дека етикети добивала и од СДСМ, не само од ВМРО ДПМНЕ, но не одработувала за никого.
„Не сум молчела во времето на СДСМ. Во времето на СЈО имав етикета дека сум ‘вмровка’, дека сум обвинителот во СЈО којшто е вмровец, кога СДСМ беше на власт. Кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт сега јас наеднаш сум машата на Заев, јас сум таа ‘сдсмовка’ која стои во први борбени редови. И некако станало непојмиво во нашата дежава дека некој може да нема партиски афилијации, може да биде професионалец и да си ја работи работата во насока на јавниот интерес. Не сум молчела никогаш, јас на Јанева ѝ се спротиставив, ме тргна од јавноста, беше најмоќна жена во државата“, рече Ристоска.