„Риголето“ од Верди се враќа на сцената на НОБ на 10 октомври

На 10 октомври, сцената на Македонската опера и балет повторно ќе оживее со моќната музика на Џузепе Верди. Под диригентската палка на Џанлука Мартиненги (Италија) и во режија на Пјер Франческо Маестрини (Италија), „Риголето“ ветува спектакуларна вечер исполнета со драма, страст и уметничка совршеност.
На сцената ќе блеснат Леон Ким (Јужна Кореја) како Риголето, Биљана Јосифов како Џилда и Чуан Ванг (Кина) како Војводата од Мантова. Величествениот оркестар и хорот на МОБ во комбинација со маестралната режија ќе создадат вечер за паметење, најавуваат од НОБ.