Република Српска прогласи вонредна состојба
Владата на Република Српска денеска прогласи вонредна состојба во регионот на Семберија поради африканска свинска чума.
Во Бјелина и општините Лопаре и Угљевиќ е прогласена вонредна состојба.
Владата на Република Српска оваа одлука ја донесе на телефонска седница. Првите случаи на африканска свинска чума во Бјелина се регистрирани пред петнаесетина дена.