Реновиран болничкиот објект за пациенти мажи во Психијатриската болница „Скопје“
Во ЈЗУ Психијатриска болница “Скопје“, денеска свечено ќе биде пуштен во употреба комплетно реновиран болнички објект.
Објектот е со капацитет од 40 болнички кревети и е наменет за продолжено лекување, рехабилитација и ресоцијализација на пациенти од машки пол со душевни растројства и пречки во развојот.
Сите градежни работи се реализирани како капитална инвестиција со сопствени средства од буџетот на болницата.