Рекордно производство на „Тесла“
Компанијата „Тесла“ вчера објави дека во јуни го достигнала највисокото ниво на производство во историјата, иако вкупно во првиот квартал е намалено за 15,3 отсто на 258.580 возила.
Во исто време, испорачани се 254.695 возила и покрај проблемите со синџирот на снабдување и затворањето на фабриките.
Затворањето во Шангај поради Ковид-19 предизвика пад на испораките во трите месеци што завршуваат во јуни, што доведе до 17,7 отсто послаб резултат во споредба со првиот квартал минатата година, наведуваат од „Тесла“.
Автомобилскиот гигант ќе го објави својот извештај за заработката од вториот квартал на фискалниот квартал на 20 јули. Во својот извештај за првиот квартал, „Тесла“ рече дека приходите скокнале на 18,8 милијарди долари, што е за 81 отсто повеќе од истиот период во 2021 година.