Рекордни количини врнежи предизвикаа лизгање на земјиште во Алјаска, исчезнаа шестмина
Шест лица се водат за исчезнати во Алјаска, во местото Наинес, откако наврнаа рекордни количини дожд, кои покренаа лизгање на земјиштето, а уништени се четири куќи.
Според војската која помага при невремето, подрачјето е прекриено со кал, дрвја и урнатини, а жителите биле евакуирани со чамец.
Поради силни турбуленции не полетал хеликоптерот од главниот град Јунеау, со кој во Хаинес требало да пристигнат спасувачи, кучиња-трагачи и медицински персонал за да продолжат со потрагата.
Во градчето Хаинес живеат околу 2.500 луѓе.