Рекорден скок на заразени во Русија – за еден ден повеќе од 10.000

Во Русија во последните 24 часа забележан е рекорден скок на новозаболени, а земјата изби на шесто место по заболени од ковид-19.
Бројот на заразени порасна за 10.633, што е најголем дневен пораст од почетокот на епидемијата, така што вкупниот број заразени сега изнесува 134.687, соопшти денеска кризниот штаб.
Со ова Русија ја претекна Франција и изби на шесто место во светот по број на заразени.
Бројот на починати порасна за 58 и сега изнесува 1.280.
Според послендите податоци, дневниот раст на бројот на заболени е 8,6 отсто, а забележано е дека 5.345, односно 50,3 отсто од новите случаи се без симптоми.
Во Москва се потврдени 5.948 нови случаи, а починаа 34 лица.