Рекорден број починати во Москва од Ковид-19
Русија денеска јави за рекорден број мртви со Ковид-19 во Москва, покрај порастот на бројот новозаразени.
Според властите, одговорни се новиот „делта“ сој и спориод напредок на вакцинацијата.
Работната група на руската влада за корона виусот пријави 20.393 нови случаи со Ковид-19, од кои 7.916 во Москва, што е најголем дневен број случаи од 24 јануари.
Со тоа вкупниот број заразени во Русија од почетокот на пандемијата се искачи на 5.409.088.
Соопштено е дека 601 пациент починале од последиците поврзани со Ковид-19 во последните 24 часа, од што 98 во главниот град, со што вкупниот број смртни случаи во Русија се зголеми на 132.064.
Санкт Петерсбург пријави 98 починати.