Рекорден број починати во Британија во еден ден – 786


Денешниот број на жртви е најлошото што Британија го виде од почетокот на појавата на корона вирусот, со 786 нови смртни случаи. Со тоа вкупниот број смртни случаи се искачи на 6.159, заклучно со 17 часот во понеделникот.

Бројот на умрени во Британија ги вклучува само оние кои биле тестирани позитивно и починале во болниците на Националната здравствена служба (НХС). На НХС може да им треба неколку дена за да ја потврди дијагнозата на корона вирус, да ги извести роднините за смртта и да го пријави случајот, така што најновите бројки можеби не ги содржат сите смртни случаи што се случиле тој ден или претходните денови.

Досега се извршени се 266.694 тестови, од кои вчера се спроведени 14.006, соопшти Министерството за здравство. Вкупно 55.224 лица биле позитивно тестирани досега, што претставува зголемување за 3.634 за еден ден.