Рекорден број новозаразени во Англија


 

Во Англија од последниот пресек забележани се 162.572 нови случаи со корона виурс, што е најголем дневен биланс од почетокот на пандемијата.

Претходниот рекорд го забележаа во петокот, кога беа регистрирани 160.276 новозаразени.

Бројот инфицирани во Англија е во пораст петти ден по ред, пишува „Гардијан“.

Во изминатото деноноќие поради последиците од Ковид-19 починаа 154 пациенти.