Рекорден број новозаболени во Германија – 37.120
Германија го забележа својот втор последователен дневен рекорд на нови случаи на корона вирус во петокот, додека инфекциите се зголемуваат низ Европа, а нејзиниот центар за контрола на болести рече дека невакцинираните луѓе се соочуваат со „многу висок“ ризик од инфекција.
Земјата објави 37.120 нови инфекции во изминатите 24 часа, според Институтот „Роберт Кох“. Тоа е повеќе во споредба со бројката од четвртокот од 33.949 – што пак го надмина претходниот рекорд од 33.777 поставен на 18 декември минатата година.
Асошиетед прес забележува дека иако е можно бројките да се надополнети со одложено тестирање и известување по регионалниот одмор во понеделникот во некои од најтешко погодените области, тие го покажуваат постојаниот пораст на инфекции во последните недели што го врати Ковид-19 на насловните страници во Германија.
Дополнителни 154 смртни случаи го доведоа вкупниот број во Германија на 96.346 во петокот.
И во Словачка е поставен нов дневен рекорд од 6.805 нови случаи на Ковид-19 за изминатиот ден, соопшти денеска Министерството за здравство.
Ројтерс објави дека централноевропската земја со 5,5 милиони жители има една од најниските стапки на вакцинирање во Европската унија. Министерството соопшти дека 69 отсто од новите случаи се кај невакцинирани лица.