Реконструиран бул „АСНОМ“ во Аеродром


Завршена е реконструкција на дел од булеварот „АСНОМ“ во Ново Лисиче.
 
Станува збор за проект со кој целосно се реконструира коловозот со вкупна  површина од 9750м2 и должина од 1.100 метри, со рабници и тротоари, а извршено е и нивелирање на шахти и сливници. 
 
Станува збор за целосна реконструкција на дел од  булеварот „АСНОМ“ од крстосницата со булевар „Србија“ до пристапната улица на Куќата на Фудбалот, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот, соопштија од Град Скопје
 
Со овој проект се изврши и целосно уредување на зелените површини покрај булеварот со вкупна површина од 27.000 квадратни метри. На новата зелена површина поставено е соодветно партерно уредување, садници, летниковци и нова хидрантска мрежа за наводнување на тревниците. Со уредувањето на зеленилото на оваа локација се подобрува квалитетот на живот на граѓаните, животната средина и се зголемуваат парковските површини во градот.