Река: Договорот од Преспа е вин-вин ситуација
Стево Пендаровски, Гордана Силјановска-Давкова и кандидатот Блерим Река денеска во првата ТВ дебата на Телма ги спротивставија ставовите за повеќе прашања, а едно од нив беше и Договорот од Преспа и новото име, Република Северна Македонија.
За Река договорот е вин-вин ситуација, Грција го сочувала своето атничко минато, а Македонија ја доби својата европска иднина.
Река напомена дека меѓународните договори кои ги потпишуваат две страни мошне тешко унилатерално се менуваат и додаде дека тој повеќе стравува оти Договорот може да претрпи промени од грчка страна, доколку таму на власт дојде, некој кој е подесничарски и понационалистички настроен.