Сиљановска: Како претседател ќе го применувам Договорот од Преспа, но ќе го одбегнувам називот Северна Македонија

Професорката Гордана Силјановска Давкова, кандидат за претседател од ВМРО-ДПМНЕ,  на денешна дебата на телевизија Телма, кажа дека ќе го почитува Договорт од Преспа, но дека лично ќе го одбегнува називот Северна Македонија.

-Се разбира дека ќе го почитувам, бидејќи тој стана дел од Уставот. Јас ќе ги почитувам натписите на името на државата, но лично како индивидува секогаш ќе го одбегнувам називот Северна Македонија и се разбира ќе ги употребувам придавките македонски/ македонска. Впрочем, и во членот 7, став 2  стои дека е дозволена употребата на придавката „македонско“. Не знам како дојде до тоа само некои државни јавни институции да се нарекуваат национални, Народниот театар да може да се нарекува македонски, а за МАНУ не знам каде е логиката. Одговорно тврдам дека кога ќе речете национален мислите на етнос или демос, јас мислам на демос. За мене нема никаква пречка придавката македонски да стои пред сите државни јавни институции – кажа професорката Силјановска Давкова.