Редовно годишно Собрание на МАНУ на 11 март
Редовното годишно Собрание на МАНУ ќе се одржи на 11 март 2026 година (среда), во 12 часот, во Свечената сала на МАНУ со следниов Дневен ред:
– Усвојување на Записникот од седницата на Изборното собрание на Македонската
академија на науките и уметностите, одржана на 25 февруари 2026 година.
1. Експозе на претседателот на МАНУ, акад. Живко Попов.
ПАУЗА
Продолжување со работниот дел од седницата на собранието на членовите во работен
состав на МАНУ
2. Предлог-извештај од Претседателството на МАНУ за работа на Македонската
академија на науките и уметностите во 2025 година.
– дискусија и усвојување
3. Предлог-програма од Претседателството на МАНУ за работа на Македонската
академија на науките и уметностите во 2026 година.
– дискусија и усвојување
4. Излагање на секретарот на МАНУ за финансискиот извештај за 2025 година и
финансиските планови на МАНУ во 2026 година.
5. Предлог-годишна сметка на МАНУ за 2025 година (Основен буџет 637).
– дискусија и усвојување
6. Предлог-годишна сметка на МАНУ за 2025 година (Самофинансирачки
активности 787).
– дискусија и усвојување
7. Предлог-годишна сметка на МАНУ за 2025 година (Донации 785).
– дискусија и усвојување
8. Предлог-финансиски план на МАНУ за 2026 година (Основен буџет 637).
– дискусија и усвојување
9. Предлог-финансиски план на МАНУ за 2026 година (Самофинансирачки
активности 787).
– дискусија и усвојување
10. Предлог-финансиски план на МАНУ за 2026 година (Донации 785).
– дискусија и усвојување