Речиси 7.000 новозаразени во Србија, починаа уште 51 пациент


Во Србија денеска се регистрирани 6.978 нвоозаболени од Ковид-19, а од последиците на болеста починаа уште 51 пациент.

Вкупно биле тестирани 22.978 лица.

На респиратори во болниците ширум Србија се наоѓаат 282 пациенти, додке ана болничко лекување се 6.579 лица.

Во текот на епидемијата од корона вирус во Србија од последиците на Ковид-19 починаа 8.582 заболени, а процентот на смртност е 0,87.