Рецепт за највкусното пире: Го варите во вода, но тоа е грешка! Еве во што е тајната


Пире од компири е вистинска класика меѓу придружните јадења. За ова излупете ги компирите, сварете ги во вода, добро изгмечете ги, па додадете малку млеко, маргарин, морско оревче, сол и бибер. Тоа е основниот рецепт. Сепак, професионалните готвачи тврдат дека со користење на едноставен трик пире може да се добие уште подобра арома.

Имено, компирите се како мало сунѓерче – ја впиваат течноста во која се варат (затоа подоцна лесно се пасираат). Но, водата не му дава арома на пирето, па затоа е најдобро компирот веднаш да се свари во малку посолено млеко. На тој начин компирот веднаш ќе добие дел од вкусот и подоцна ќе стане кремаст.

Покрај тоа, при готвењето додадете малку густин во млекото. Доколку подоцна ви треба уште малку течност за пирето, нема да треба да го додавате ладното млеко од фрижидерот, туку мешавината од млеко и густин – ќе се згусне и ќе додаде вкус на пирето.

Совети за гурманите

За уште поинтензивен вкус, можете да ги сварите компирите во крем за готвење и да ги зачините со малку лук и свежи билки (како мајчина душица или рузмарин).