Ребалансот на Буџетот најдоцна до 25 јуни ќе влезе во собраниска процедура


Ребалансот на Буџетот ќе влезе во собраниска процедура најдоцна до 25 јуни, изјави денес на прес конференција министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска. Таа не прецизираше во која насока ќе се движат расходите, односно каде ќе се крати, посочувајќи дека во тек се контактите со буџетските корисници.

„Преговорите со ресорните министерства се во тек. Во подготовка сме, можеби за две недели од денес ќе зборуваме за посериозни бројки“, рече Димитриеска Кочоска. 

Во однос на проекциите на буџетот, пак, односно дали ќе ја задржат истата проекција или ќе одат нагоре или надолу, министерката Димитриеска Кочоска одговори: „Нагоре нема да одиме“.