Разрешена Афрона Верзиволи, на нејзино место именуван Aрбен Рамадани


Владата денеска ја разреши Афрона Верзиволи, која беше иманувана за вршител на должноста главен резизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. На нејзино место е именуван Aрбен Рамадани, а за вршител на должноста заменик на главниот ревизор е именуван Иван Игњатов, соопштија од Владата.

Aрбен Рамадани се именува за в.д. главен ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Тој е самостоен ревизор во Секторот за унапредување на ревизијата. Непосредно учествува во изработка на стратешки документи, краткорочни и долгорочни стратешки планови во однос на развој на Ревизорско тело и ревизијата и ја следи примената и врши следење на нивното спроведување. Работел и како виш ревизор во секторот за ревизија на ИПА областа.

Иван Игњатов се именува за в.д. заменик на главниот ревизор на Резизорско тело за ревизија на инструментот за претпристапна помош. Тој е Доктор на економски науки на тема „Развој на систем за ревизија и контрола за ефикасно користење на фондовите на ЕУ“.