Разбиена криминална група која крадела автомобили во нашата земја и ги пренесувала во Албанија
На уапсениот Џ.Б. во тоа му помагал А.Р.жител на Струга, по кого се трага, како и неколку други лица.
– Истрагата покажаа дека Џ. Б.(53) од Прењас и А.Р. жител на Струга, Северна Македонија, во соработка со други лица шверцувале украдени возила, од Северна Македонија во Албанија, надвор од граничните премини,преку зелениот појас на македонско-албанската граница, стои во полициското соопштение.
Се додава дека за време на акцијата,како доказен материјал, запленето е возило марка „фолксфаген пасат“ со македонски регистарски ознаки, сопственост на македонски државјанин.
Возилото било украдено во Македонија, а потоа нелегално префрлено во Албанија.
-Во тек е идентифкацијата и апсење на други лица вклучени во оваа криминална активност, како и заплена на неколку возила кои оваа група ги украла на македонска а потоа ги пренесла на албанска територија.Во интерес на истргата не се наведуваат други детали, соопштува полицијата.
Случајот е под надлежност на Обвинителството и судот во Елбасан.