Расте интересот за MyEOS платформата – корисниците ги следат и самостојно ги решаваат своите финансиски обврски


Забрзување на темпото на дигитална трансформација преку воведување современи алатки и креирање достапни решенија за корисниците и управување со долговите, е во фокусот на компанијата ЕОС Матрикс Македонија, која е дел од реномираната ЕОС Групација. Најновата дигитална платформа MyEOS веќе наоѓа широка примена меѓу корисниците, овозможувајќи им лесен, сигурен и транспарентен пристап до нивните финансиски обврски.

MyEOS e алатка која на корисниците им овозможува онлајн увид во состојбата, персонализирани совети и флексибилни модели за отплата, кои се прилагодени на нивната финансиска состојба. Преку своите профили на таа алатка, корисниците можат да вршат онлајн плаќања, да следат документи и рокови, како и да добијат директна поддршка од тимот на ЕОС Матрикс.

„Со воведувањето на MyEOS алатката ја подигнавме транспарентноста и ефикасноста во процесите. Од почетокот на годинава кога ја воведовме MyEOS, која на корисникот му овозможува онлајн следење на неговата финансиска состојба постојано расте бројот на корисници на апликацијата. Станува збор за дигитална и современа платформа дизајнирана за корисниците да можат брзо, лесно и безбедно да управуваат со своите финансиски обврски. Преку својот профил, корисниците можат да вршат онлајн плаќања, да ја следат состојбата и да добијат персонализирана поддршка. Тимот на ЕОС нуди континуирана поддршка и насоки низ целиот процес. Плаќањата пак, се следат во согласност со утврдената динамика со посебно внимание на роковите, а со цел навремена отплата, избегнување дополнителни трошоци и остварување на конечната цел – забрзано ослободување од задолжувањата“, вели д-р Катерина Бошевска, главен извршен директор на ЕОС Матрикс Македонија и ЕОС Косово.

Карактеристика на MyEOS е фактот што оваа платформа овозможува флексибилна наплата, односно еднократна или делумна отплата, прилагодена на финансиската состојба на корисникот и претходно договорените услови.

Користењето на дигиталните алатки и модернизацијата е карактеристика на целата ЕОС Групација, која работи во повеќе од 20 земји во светот, со цел на корисниците да им се даде можност за флексибилно плаќање и самостојно решавање на своите проблеми.

Оваа групација успеа да затвори повеќе од пет милиони предмети за долгови, обезбедувајќи им поддршка на корисниците кои не можат да ги исполнат обврските. Групацијата ЕОС управуваше со повеќе од 21 милиони предмети за долгови во текот на последната финансиска година.

Групацијата ЕОС континуирано ја користи технологијата за да развие подобри решенија за корисниците. RPA, односно автоматизацијата на роботските процеси, моментално е оперативна во над десет земји, ослободувајќи ги вработените од извршување на едноставни и повторувачки задачи, и овозможувајќи им да се концентрираат на сложените случаи, на емпатична комуникација со корисниците и на креативни решенија. Покрај тоа, беше развиен и Sofi-K, виртуелен асистент базиран на вештачка интелигенција. Во основата на дигиталната трансформација на Групацијата се наоѓа Kollecto+, кој го контролира целиот процес на управување со побарувања, засега имплементиран во 11 земји, но се најавува дека тој број ќе се зголеми.