Раст од 110 проценти на странските туристи во јули, најбројни од Турција, Србија и Полска


Фото: Б. Грданоски

 Во државава во јули годинава се регистрирани 169.449 туристи, од кои 54 проценти се домашни, а 46 проценти се странски туристи. Државниот завод за статистика денеска објави дека бројот на ноќевањата во јули 2022 година изнесува 700.629, од кои 74,3 проценти се од домашните туристи, а 25,7 проценти од странските.

Во јули годинава имало најмногу туристи од Турција, 12.841, по што следат Србија, 9.393, Полска,  5.412, Германија , 3.698, САД , 2.721, Бугарија, 2.286, Словенија 2.099, Грција 1 828…Од вкупниот број туристи во јули годинава, над 105 илјади биле во езерските места, а над 36.000 во главниот град. Хотелско сместување користење 99.000, а над 56.000 се сместиле во куќи, станови за одмор и соби за издавање

Во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 53,3  проценти,  при што кај домашните туристи има зголемување за 13,7 проценти, а кај странските зголемувањето е за 109,9 проценти.

Кај ноќевањата во периодот јануари – јули годинава во однос на истиот период од претходната година, има зголемување за 34,6 проценти, кај домашните за 9,8 проценти, а кај странските зголемувањето е за 95,9  проценти.