Раст на цената на нафтата

Нафтата денеска се тргуваше за над 65 долари за барел откако големите производители го продолжија периодот на постепена нормализација на понудата речиси до крајот на годината.
На Лондонската берза денеска барел нафта се тргуваше за 79 центи повеќе од вчерашните 65,32 долари.
Додека на Американската берза, цената на нафтата се зголеми за 69 центи и барел нафта се тргуваше за 61,57 долари.
Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нивните сојузници одлучија во ноември да пласираат на пазарот дополнителни 137.000 барели нафта дневно.