Расположението во германската економија продолжува да стагнира


Расположението во германската економија продолжува да стагнира. Индикаторот за економска клима, кој го пресметува минхенскиот институт за економски истражувања Ифо, во јуни во однос на мај е намален за 0,7 поени на 88,6 поени, но само поради попесимистичките очекувања.

Сегашното расположение останува непроменето како што беше во мај.

Во производството, состојбата се влоши по три последователни месечни подобрувања. Компаниите се доста задоволни од моменталната состојба, но доста неизвесни во наредните месеци, соопштија денеска од Ифо.

Во услужниот сектор показателот е зголемен бидејќи компаниите се сосема задоволни од моменталната состојба. Институтот ја истакна подобрата перспектива на хотелиерите.

Во трговијата најмногу се влошени условите и очекувањата, што се однесува и на големо и на мало.

Расположението во градежништвото благо се подобри во јуни. Компаниите се нешто помалку задоволни од моменталната состојба, но очекувањата се пооптимистички. Најголем проблем во индустријата останува недостигот на нарачки.

На крајот, може со сигурност да се каже дека германската економија има проблеми да ја надмине стагнацијата, посочуваат од институтот.