„Рамсторе“ го отвори третиот маркет во Чаир
Денес, 8-ми Октомври , компанијата „Рамсторе” – Македонија отвори нов Рамсторе Експрес маркет, лоциран на улицата Кемал Сејфула бр.14 во Чаир
Модерно дизајнираниот „Рамсторе Експрес“ маркет кој е 28. по ред на малопродажниот трговец во земјава, се простира на продажна површина од 650 м2 и располага со дополнителен магацински простор од 160 м2. За услугата се грижи тим од вкупно 10 вработени, а потрошувачите имаат на располагање 3 наплатни каси. Пред објектот е обезбеден паркинг-простор за 10 возила.
Во новоотворениот маркет на потрошувачите ќе им бидат понудени во секое време свежо овошје и зеленчук, како и повеќе од 5000 производи достапни 365 дена во годината. Маркетот ќе работи седум дена во неделата, од 08:00 до 22:00 часот
Големиот број на промоции, дегустации, продажни акции, подароци и гратис производи го одбележија отварањето на овој маркет и ќе траат до 17.10.2021, а покрај големите попусти потрошувачите ја искористија и својата Рамсторе клуб картичка за дополнителни бенифиции при купувањето.
Со новиот маркет во Чаир, синџирот „Рамсторе” – Македонија достигна до вкупно 28 маркети во 7 различни града во земјава, кои се простираат на вкупна површина од 22.000 м2. Вкупниот број на вработени во компанијата изнесува 750.
Рамсторе Македонија и оваа година го продолжува инвестицискиот раст и развој во земјата преку најавата на новите активности и отворање на уште 3 нови маркети до крајот на годината .
Рамсторе, кој во Македонија почна да функционира на 11.јуни 2005 година, од неодамна е дел од „СИТИ ПЛАЗА Холдинг“ кој е присутен на македонскиот пазар 16 години.