Ракета „Сојуз“ со американски и двајца руски космонаути полета кон Меѓународната вселенска станица


Руска ракета од типот „Сојуз“ денеска е лансирана од космодромот Бајконур во Казахстан кон Меѓународната вселенска станица (МВС), со екипаж од еден американски и двајца руски космонаути.
 

„Стабилноста на леталото е добра, екипажот се чувствува добро“, изјави коментаторот на „НАСА“ по полетувањето што директно  го пренесуваа порталите на американската и на руската вселенска агенција.

Руската ракета полета во предвидениот термин точно во 13:54 часот по Гринич од казахстанските степи.

Заедничката мисија на Американецот Френк Рубио од „НАСА“ и на Русите Сергеј Прокопиев и Дмитриј Петелиан од „Роскосмос“ претставува редок пример за соработка меѓу Москва и Вашингтон во време на мошне влошени меѓусебни односи.

Рубио е првиот американски астронаут што одлета кон МВС со руска ракета од почетокот на воената интервенција на Москва во Украина на 24 февруари. Ова е прв лет за Франко Рубио и за Дмитриј Петелин, втор за Сергеј Прокопиев.

Екипажот е предвидено да престојува шест месеци на Меѓународната вселенска станица, каде веќе се наоѓаат седум космонаути, тројца Руси, исто толку Американци и Италијанка.

 
Поврзувањето со рускиот сегмент на МВС се очекува по тричасовен лет.