Работник во приватна фирма во РЕК Битола, донесен без свест во болница, починал по 10 минути


Во четвртокот, во 12.33 часот во СВР Битола, од Клиничка болница Битола било пријавено дека кај нив во бессознание бил донесен С.С.(44) од с.Новаци, битолско, кој во 12.45 часот починал, а смрт констатирал лекар од болницата.

Според пријавеното, тој бил најден во безсознание при извршување работни задачи за приватна фирма во РЕК Битола.

Увид извршила екипа на СВР Битола, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.