„Работнички“ добива модерна сала по ФИБА стандарди!


Нов паркет се поставува на теренот од 700 м², во салата „Работнички“, во Општина центар.
Следната недела се очекува да биде завршен подот, а во тек е и доинсталација на семафорите, додека осветлувањето и озвучувањето се веќе финализирани.
 
Салата е целосно енергетски ефикасна, со подно греење, современ систем за ладење, греење и проветрување, нови трибини, црвено-бел амбиент во боите на КК „Работнички“, соблекувални, простории за судии, медицинска и допинг-контрола, како и инклузивни тоалети со пристапна рампа.
 
– Ова не е само реконструкција – ова е ново поглавје за „Работнички“ и за спортот во Центар! – порачува градоначалникот Горан Герасимовски.