Работен состанок во Стопанската комора за мерката „Поддршка за креирање нови работни места“
Во Стопанската комора денеска ќе се одржи работен состанок посветен на промоција на мерката „Поддршка за креирање нови работни места“ – подмерка „Вработување и раст на правни субјекти“, од Оперативниот план за вработување за 2026 година.
На состанокот ќе присуствуваат заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески и претставници од Министерството за економија и труд, Стопанската комора, Стопанската комора на Северозападна Македонија и Сојузот на стопански комори на Македонија.
Како што најавува Стопанската комора, ќе се разговара за можностите што оваа мерка им ги нуди на компаниите за отворање нови работни места и за поттикнување на растот на микро, малите и средните претпријатија.