Путин му се јавил на Лукашенко да му го честита роденденот
Десетици илјади луѓе повторно демонстрираат во Минск и покрај заканите на полицијата
Десетици илјади демонстранти во Белорусија се спротивставија на заканите од властите со тоа што маршираа низ центарот на Минск, повторно изразувајќи барања авторитарниот претседател на земјата, Александар Лукашенко, да се повлече.
По две недели во кои опозицијата одржа огромни митинзи во Минск, кои главно беа мирно посматрани од полицијата, оваа недела претседателот вети дека ќе има силен одговор на протестите.
Кордоните на полицијата за немири ги блокираа влезовите на централниот Плоштад на независноста каде требаше да се одржи митингот, а имаше и многу полициски комбиња, автобуси преполни со трупи и водени топови кои се распоредени низ градот.
Големото безбедносно присуство не ги одврати демонстрантите, десетици илјади од нив повторно дојдоа во центарот на градот, многумина држеа црвено-бели знамиња кои станаа симбол на протестите. Во неделата беше 66-ти роденден на Лукашенко, а организаторите ги повикаа присутните да му донесат „подароци“. Во други градови низ целата земја исто така одржуваа протестни митинзи.
Во Минск, полицијата уапси голем број демонстранти, иако без насилството што се виде во деновите веднаш по оспорената изборна победа на Лукашенко на 9 август. Тогаш, дивјачкото тепање на демонстрантите служеше само за да го галванизира бунтовничкото расположение.
Во неделата наутро, Лукашенко и рускиот претседател Владимир Путин го одржаа последниот во низата неодамнешни телефонски разговори. Според Кремљ Путин му посакал на Лукашенко среќен роденден и двајцата се согласиле да се сретнат наскоро во Москва.
Кремљ долго време сметаше дека Лукашенко е фрустрирачки партнер, но се чини дека реши да го поддржи авторитарниот лидер како претпочитана опција наместо опозицијата.
Во текот на изминатата недела, властите во Минск презедоа мерки против неколку независни новинари во земјата, со што им се одзеде акредитацијата на 17 Белоруси кои работат за странски медиуми и депортираа неколку руски новинари.
Коментирајќи во саботата, министерот за надворешни работи на Литванија, Линас Линкевичиус, на Твитер напиша: „Денес масовното повлекување на акредитациите од странските новинари кои претставуваат најголеми независни медиуми во светот е целосен срам. Ваквиот патетичен чекор само дополнително го истакнува моралниот банкрот на де факто властите на Белорусија“.
Светлана Тихановска, кандидатот на опозицијата, која избега во Литванија по заканите по изборите, рече во неделата дека ударот врз медиумите е „уште еден знак дека овој режим е морално банкрот“.
Додека Лукашенко ја задржува поддршката од полицијата за немири и Кремљ, се чини дека неговиот легитимитет меѓу сопствените луѓе се повеќе се губи неповратно. Во неделата, повеќе од 360 белоруски спортски личности кои потпишаа отворено писмо во кое повикуваат на нови избори. (Гардијан)