Путин ги сменил врвните команданти поради воените неуспеси


Меѓу сменетите, наводно е и командантот на Црноморската флота, адмирал Игор Осипов

 

Британското Министерство за одбрана го објави своето секојдневно ажурирање на разузнавањето, кое денес се фокусира на тоа што Русија наводно отпуштила голем број високи армиски команданти за лоша работа во украинската војна.

Малата, но издржана листа на оние за кои се верува дека биле оттпуштени од Владимир Путин вклучува:

  • Генерал-полковник Серхиј Кисел, кој командуваше со елитната 1. гардиска тенковска армија, затоа што не успеа да го освои Харков
  • Вицеадмирал Игор Осипов, кој командуваше со руската Црноморска флота, што следи по потонувањето на крстосувачот „Москва“ во април
  • Рускиот началник на Генералштабот, Валериј Герасимов, кој можеби сѐ уште е на функцијата, но не е јасно дали е задржана довербата во него