Пуштена во употреба новата полициска станица во Бутел
По повеќе од триесет години старата полициска станица во Бутел која се наоѓаше во руиниран објект се пресели во нов реконструиран и полициските службеници добија соодветни услови за работа. Објектот на старата полициска станица и тој до него ќе бидат срушени и на тоа место ќе биде изграден мега плоштад со културен дом.
Премиерот Христијан Мицкоски кој денеска присуствуваше на отворање на реконструираната полициска станица во Бутел им се заблагордари на полициските службеници на нивното трпение што го имале изминативе децении работејќи во стариот објект во субстандардни услови.

– Генерално сите технички параметри беа кажани, јас само сакам да им се заблагодарам на полициските службеници на нивното трпение коишто го имале изминативе децении. Некои таму почнале да работат и се пензионирале во оние услови, видовте каде работеле, тоа се стандарди на се личат само не на зграда на полициска станица, рече премиерот Мицкоски.
Треба, додаде тој, многу трпение сето тоа да се издржи и да се одговори на задачите коишто биле секојдневни.

Градоначалникот на општина Бутел Дарко Костовски изрази задоволство што, како што истакна, старата руинирана полициска станица се заменува со еден пристоен, нов објект за полициските службеници.
-Старата полициска станица 30 години наназад, ова го говорам пред се како сведок односно граѓанин на Бутел. па потоа како градоначалник, функцуионираше во подчовечки услови. Полициските службеници секој ден се соочуваа со опасност да им се сруши таванот на глава. Многу структури во минатото ветуваа подобри услови за, но за жал не се оставрија ветувањата, рече Костовски.
-Старите бараки ќе бидат срушени, а срушен ќе биде и објектот до неа. Таму ќе биде изграден мега плоштад на 10 илјади м2 заедно со еден убав културен дом, нешто што на Општина Бутел и требаше подолг период, рече Костовски додавајќи дека за тоа има целосна проектна документација и обезбедени се средства најголем дел од Владата.

Министерот Тошковски порача дека ваквиот пристап – рационално користење на ресурсите и меѓуинституционална соработка – ќе продолжи и во иднина, со цел подобрување на условите за работа на полицијата и унапредување на квалитетот на живот на граѓаните