Пукнатина што го дели африканскиот континент на два дела: Дали наскоро ќе добиеме нов океан?

Eкспертите во последно време зборуваат за појава на нов геолошки феномен – шестиот океан на планетата Земја. Иако експертите ја истражуваат нашата планета со генерации, тие учат нови работи секој ден.
Во последниве години, истражувачите открија дека двата дела на копното што го сочинуваат вториот по големина и вториот најнаселен континент почнуваат да се одвојуваат.
Ова го отвори патот за нов океан кој ќе се протега низ средината на тој континент. Ако работите продолжат со ова темпо, наскоро би можеле да видиме ситуација каде земјите како Замбија и Уганда ќе добијат сопствено крајбрежје, и покрај тоа што моментално се без излез на море.
A new ocean is forming in Africa along a 35-mile crack that opened up in Ethiopia in 2005. The crack, which has been expanding ever since, is a result of three tectonic plates pulling away from each other.
It’s thought that Africa’s new ocean will take at least 5 million to 10… pic.twitter.com/T37FAOAdUt
— Massimo (@Rainmaker1973) December 11, 2023
Иако многу од промените на Земјата можеби не се очигледни со голо око, тектонските плочи постојано се движат. Земјината литосфера, која се состои од кора и горната обвивка, е поделена на неколку од овие тектонски плочи.
Движењето на тектонските плочи во одреден дел од светот ја менува нашата планета каква што ја знаеме.
Пукнатината се наоѓа на границата на 3 тектонски плочи
Рецензираното списание „Geophysical Research Letters“ потврди дека се создава нов океан додека африканскиот континент почнува да се дели на половина.
Во последниве години, истражувачите открија дека двата дела на копното што го сочинуваат вториот по големина и вториот најнаселен континент почнуваат да се одвојуваат.
Ова го отвори патот за нов океан кој ќе се протега низ средината на тој континент. Ако работите продолжат со ова темпо, наскоро би можеле да видиме ситуација каде земјите како Замбија и Уганда ќе добијат сопствено крајбрежје, и покрај тоа што моментално се без излез на море.
Иако многу од промените на Земјата можеби не се очигледни со голо око, тектонските плочи постојано се движат. Земјината литосфера, која се состои од кора и горната обвивка, е поделена на неколку од овие тектонски плочи.
Движењето на тектонските плочи во одреден дел од светот ја менува нашата планета каква што ја знаеме.
Расцепот се наоѓа на границите на африканските, арапските и сомалиските тектонски плочи. Во текот на последните 30 милиони години, Арапската плоча полека се оддалечува од африканскиот континент.
Сомалиската плоча исто така се оддалечува од Африканската плоча – во тој процес се пробива низ Источноафриканската плоча.
Благодарение на напредокот во технологијата, особено употребата на ГПС инструменти, експертите можат точно да ги одредат таквите движења на земјиштето. Марин геофизичар и професор на Универзитетот во Калифорнија, Кен Мекдоналд, рече: „Со мерењата на GPS, можете да измерите брзина на движење до неколку милиметри годишно.
FACT: Scientists have discovered a new ocean forming as Africa begins to split, and this could see East Africa form its own separate continent.
Zambia and Uganda could one day have their own coastlines if the land mass continues to separate.
Image Credit: University of Auckland pic.twitter.com/xKYbvDDE3R
— Facts East Africa (@east_facts) March 13, 2023
Добиваме нов океан
– Како што добиваме сè повеќе мерења од GPS, можеме да добиеме многу појасна слика за тоа што се случува – рече тој.
Зборувајќи за целокупното откритие, Мекдоналд додаде: – Аденскиот Залив и Црвеното Море ќе го поплават регионот Афар и ќе навлезат во источноафриканската Голема Рифт долина, со што ќе станат нов океан, а тој дел од Источна Африка ќе стане свој мал континент. .
Иако се уште неколку милиони години оддалечен, таков геолошки настан ќе доведе до нов океан долж целата долина Голема Рифт.
Ова веќе се случува, според експертите.