Пукано во израелската амбасада во Стокхолм
Истрели се испукани во израелската амбасада во Стокхолм, потврдија полициските сили во шведскиот главен град за новинската агенција ТТ.
Како што пренесува ДПА, нема информации за повредени, а се уште никој не е уапсен.
Приближно во исто време со првите повици за истрели во областа на амбасадата, дошле и првите информации дека Иран извршил голем ракетен напад врз Израел.
Шведската полиција соопшти дека ги зголемила безбедносните мерки околу еврејските и израелските локации во земјата по претходните инциденти во амбасадата.
Во мај беше пукано во близина на амбасадата, а во јануари беше фрлена рачна бомба кон зградата, но не се активираше.
Според ТТ, израелската служба за надворешно разузнавање Мосад верува дека и двата инциденти биле нарачки на Иран, извршени од шведски криминални банди.