Пукање во Прилеп, ранета службеничка на Центарот за социјални работи

Денеска околу 14 часот пред Центарот за социјална работа Прилеп, засега непознато машко лице испукално неколку куршуми од огнено оружје.
Во пуктотницата со прострелна рана се здобила М.Ѓ. (36) од Прилеп, вработена во институцијата.
Маркукуле дознава дека повредената се здобила со влезно-излезна рана во десниот дел од градниот кош. М.Ѓ. е примена во градската болница “Борка Талески” и е моментално во стабилна состојба, пишува прилепскиот портал „Маркукуле“.
Според началникот на Итната помош, Боше Милошески, 38-годишната социјална работничка има прострелна рана од куршум во стомакот. Таа е во болница и е во стабилна состојба.
„Од страна на полициски службеници од ОВР Прилеп било излезено на лице место при што лишен од слобода бил А.Ј.(50) од Прилеп кај кого се пронајдени пиштол и нож“, велат од полицијата.