Син на поранешен градоначалник пукал со оружје, го објавиле на социјални мрежи

МВР објави дека 51-годишен жител на селото Црнилиште е приведен поради пукање од оружје, чија сцена беше споделена на социјалната мрежа Фејсбук. Станува збор поранешниот градоначалник на Долнени чиј син со пушка и со пиштол пукал среде населено место.
МВР ја спроведе акцијата по видеото кое од синоќа стана вирално на социјалните мрежи, а на кое се гледа како Абдула Ќамили пука со оружје. Уапсен е неговиот татко ексградоначалникот Џемаил Ќамили, а по неговиот син се трага.Бидејќи сомневањата се дека снимката е направена во дворот на ексградоначалникот, одземен е уред поврзан со видео надзорот во нивниот дом за да се утвдат деталите.
При претресот, припадниците на МВР пронашле три парчиња оружје, сите поседувани со дозвола од ексградоначалникот. Дома си имале репетирачки карабин, полуавтоматски пиштол, како и ловна пушка. Тие поседувале и соодветна муниција. Па така, запленети се 395 куршуми различен калибар, 17 парчиња ловен патрон. Моментално, истрагата против таткото кој е ексградоначалник и синот кој пукал се води за предизвикување на општа опасност и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
Оружјето е привремено одземено, а дозволата за оружје ќе биде ревидирана. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на неговиот син и продолжува со истрагата.