Првите „тест-летувалци“ од Германија пристигнаа на Мајорка


Фото: Б. Грданоски

По повеќемесечна пауза поради коронавирусот, авион со германски туристи слета на шпанскиот остров Мајорка.Тие се дел од пилот-проектот со кој се тестираат сигурносните мерки против Ковид-19, кои ќе важат за цела Шпанија

 

Авионот на германскиот туристички авиопревозник ТУИ Флај, кој со 189 патници беше исполнет до последното место изутрината полета од аеродромот во Диселдорф. „Се радувавме на патувањето на Мајорка . Чекавме пет месеци да можеме да дојдеме и пресреќни сме што тоа се случи“, изјави Георг Касабах, кој живее во близина на Келн за германската новинска агенција ДПА, пред полетувањето.

Интересот на шпанските и на германските медиуми за полетувањето на првите летувалци по цели 92 дена застој беше огромен: околу 100 новинари ја дочекаа првата група туристи од Германија на аеродромот „Сон Сант Жоан“ во Палма де Мајорка.

Spanien BG Warum die Deutschen Mallorca so lieben | Küstenort Port de Sóller (picture-alliance/dpa/J. Tack)

Од денеска, најнапред само на туристи од Германија им е дозволено да патуваат на Балеарските острови Мајорка, Ибица, Менорка и Форментера.

Во првиот контингент се дозволени до 10 900 патници. „Желбата да се патувате до плажите на Медитеранот е голема – првите датуми за патување во рамките на пилот-програмата беа целосно резервирани во рок од 36 часа на почетокот на минатата недела“, рече претставникот на туристичкиот оператор ТУИ, Себастијан Ебел.

Според регионалната власт на Балеарските острови, Германија била избрана затоа што од таму доаѓаат најголем број летувалци во Шпанија и пандемијата во Германија е во еднаква мерка под контрола како и на Балеарските острови. Попладнево, од Франкфурт треба да пристигне и втор авион со германски туристи.

Пилот-проектот има за цел да ги тестира сигурносните мерки против Ковид-19, кои ќе се користат низ цела Шпанија кога земјата на 21-ви јуни ќе ги отвори одморалиштата за масовен туризам од земјите од Шенген-зоната. Поради падот на бројот на инфекции од коронавирусот, шпанската влада туристичко отворање наместо на 1 јули како што првично беше планирано го премести за девет дена порано односно на 21 јуни. (Дојче Веле)