Првите компресивни облеки пристигнуваат на 16 јуни – ги обезбеди „Сапорт Кочани“
„Сапорт Кочани“ вечерва на социјалните мрежи објави дека се обезбедени првите компресивни облеки за пациентите со изгореници од пожарот во дискотеката „Пулс“, а пристигнуваат на 16 овој месец.
Додаваат дека следните денови ќе дојдат повторно експерти да земат мерки за следните пациенти, за кои исто така ќе бидат обезбедени компресивни ракавици.
„Support Kocani ја исплати првата фактура за компресивна облека во износ од 923.458 денари – средства целосно обезбедени преку донации.
Компресивната облека треба да пристигне во Кочани околу 16 јуни. Обезбедени се и средства за втора тура компресивна облека, за која на 16 и 17 јуни ќе дојдат повторно експерти од Бугарија и ќе започне процесот на земање мерки.
Голема благодарност до фирмите Julius Zorn GmbH и Health 2000, кои одобрија попуст од 19.600 лева и овозможија оваа помош да стигне до што повеќе повредени.
Иако некои процеси траат подолго додека да бидат завршени, ова е доказ дека кога има волја, има и начин. Ви благодариме на сите вас – граѓани, пријатели, непознати хумани срца – покажавте што значи вистинска солидарност“, велат од Супорт Кочани.
