Првата дама на Израел треба да плати казна од 15 илјади долари


Суд во Ерусалим денеска на сопругата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, Сара и изрече парична казна од 15.000 долари поради „злоупотреба на државни средства“.

Казната е изречена врз основа на спогодбата меѓу Јавното обвинителството и Сара Нетанјаху, која беше обвинета дека потрошила околу 100.000 долари државни пари за луксузни ручеци и вечери со семејството и пријателите.

Јавното обвинителство на Израел информира дека покрај 15.000 долари, Сара Нетанјаху ќе мора да плати и дополнителни казни за целосно затворање на случајот.