Прва миса во Нотр Дам по пожарот
В сабота првпат ќе се одржи богослужба во катедралата Нотр Дам во Париз по катастрофалниот пожар кој ја зафати пред два месеца.
Мисата ќе биде отслужена од архиепископот на Париз во параклис, каде бројот на присутните ќе биде ограничен поради безбедносни мерки.
Ќе присуствуваат околу дваесетина лица, меѓу кои свештеници од катедралата, која беше уништена од голем пожар на 15 април.
– Ќе биде емитуван телевизиски пренос од мисата, со цел да го следат католичките верници, појасни Париската епархија. Таа очекува одговор од градските власти дали плоштадот пред катедралата ќе биде достапен за посетители.