Прва Меѓународна конференција на тема „Предизвиците на современите семејства“


Институтот за семејни студии при Филозофскиот факултет во Скопје, Универзитет св. “Кирил и Методиј” оваа година ќе ја одбележи 10-годишнината од своето постоење. По тој повод, Институтот за семејни студии и М6 Едукативниот центар организираат Меѓународна конференција на тема „Предизвиците на современите семејства“. Конференцијата ќе се одржи на 29ти и 30ти октомври во просториите на М6 едукативниот центар.

Конференцијата ќе опфати широк спектар на теми, вклучувајќи: Промена на семејните структури; Трансформација на семејствата; Семејството и општеството; Семејството низ историјата; Рамнотежа помеѓу семејството и работата; Семејството и родителството во дигиталната ера; Семејство со член со попреченост; Семејно насилство; Меѓугенерациска динамика; Семејството и социјалната заштита; Миграции и демографски промени; Семејството и политичките кризи; Ментално здравје и благосостојба; Стареење и грижа за постарите; Семејна медијација итн.

Во рамките на конференцијата над 60 претставници од земјава и странство ќе ги презентираат своите научни трудови на овие теми, но ќе се одржат и два панели со истакнати личности од нашето општество.

Оваа конференција е значајна бидејќи овозможува платформа за размена на знаења и искуства за предизвиците со кои се соочуваат современите семејства. Мултидисциплинираните дискусии ќе придонесат  кон подобро разбирање и поддршка на семејствата во денешното општество, како и креирање на политики и стратегии кои ќе ги подобрат условите за сите членови на семејството.