Протеран Полјак кој набавувал психотропни супстанци – одземени апчињата и 20.000 евра
На 15.12.2023 од страна на Единицата за недозволена трговија со дрога од СВР Скопје до Јавен Обвинител од ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по чл.215 ст.4 од КЗ против Л.В. (59) од Р.Полска, со престојувалиште во Скопје. Кривичната пријава е поднесена после спроведена истрага од страна на Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога оружје и опасни материи, Единица за недозволена трговија со дрога и Единицата за недозволена трговија од СВР Скопје при што беа обезбедени материјални докази дека полскиот државјанин во текот на месец ноември 2023 година, откако пристигнал во Скопје, неовластено набавил супстанции и материјали за кои знаел дека се наменети за производство на психотропни супстанции и прекурзори и тоа 88.350 таблети.
Врз основа на Наредба за вештачење од јавен обвинител од ОЈО Скопје од страна на Фрамацевтскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ Скопје е изготвено стручно мислење, согласно кое од запленетите таблети кои во својот состав содржат псеуфоефедрин, а со оглед на големата количина која е запленета, истата може да биде употребена за нелегално производство на најмалку 3.545 грама на метамфетамин.
По поднесувањето на кривична пријава од страна на јавен обвинител од ОЈО Скопје, полскиот државјанин е изведен пред Судија на Основен кривичен суд Скопје, од чија страна е изречена казна условна казна затвор од 2 години и мерка протерување од РСМ и забрана за влез во траење од 8 години. Исто така, од страна на Судија изречена му е мерка за одземање на таблетите, како и парични средства во износ од 14.450 евра и 290.000 денари.