Просечната плата во Србија за прв пат надмина 510 евра


Просечната бруто плата за јули 2020 година во Србија била 83.016 динари (705,92 евра), додека просечната нето плата била 60.029 динари (510,23 евра), дознава неофицијално B92.net.

Растот на бруто-платата во периодот јануари-јули 2020 година, во споредба со истиот период минатата година, изнесува 9,5 проценти номинално, и 7,9 проценти реално.

Во исто време, нето-платите номинално се зголемија за 9,3 проценти и реално за 7,7 проценти.

Во споредба со истиот месец минатата година, просечната бруто плата за јули 2020 година е номинално поголема за 9,2 проценти, а реално за 7,1 процент, додека просечната нето плата е номинално поголема за 9,1 процент, односно реално за 7 отсто.