Пропадна планот на Џонсон за Брегзит, Британија оди на избори?


Долниот дом на британскиот Парламент вечерва ја одби агендата за дебата за договорот за Брегзит, која премиерот Џонсон предвиде да трае три дена со цел земјата на 31 октомври да излезе од ЕУ.

По гласањето, Џонсон изјави дека ќе ја „паузира“ легислативата за Брегзит и ќе се консултира со лидерите од Европската Унија.

Џонсон претходно изјави дека ако неговиот план пропадне ќе излезе на нови избори.

Претходно со 329 гласа „за“ и 299 „против“, пратениците во Долниот дом одобрија договорот за Брегзит да помине во следната фаза.