Пронајдок наговестува зошто тираносаурус рекс имал куси раце
Тим научници во Аргентина наведува дека откриле нов џиновски диносаурус предатор кој имал огримна глава, но мали раце за својата големина.
Во текстот во магазинот „Current Biology“, наушниците наведуваат дека екстензивните остатоци од скелетот се од досега непознат вид, а ископани се во Патагонија.
Мераксес гигас бил висок 11 метри, со глава од 1,2 метра, но рацете му биле долги само нешто повеќе од половина метар.
Научниците веруваат дека малите крајници му давале предност на месождерот при преживување.
„Уверен сум дека тие пропорционално мали раце имале некаква фунција. Скелетот покажува големи мускулни форми и потполно развиени градни појаси, така што раката имала силни мускули“, вели Хуан Канале, водечки автор на студијата.
„Можеби ги користеле рацете поради репродуктивни активности, како што е држење на женката при парење или да се потпрат за да станат по одморот или паѓањето“, додава тој.
Неговиот колега и соавтор Питер Маковицки вели дека рацете на диносаурусот „буквално се половина од должината на главата и дека со рацете не можеле ни да си ја допрат устата“.
Маковицки верува дека масивните глави на овој вид диносауруси биле главно оружје на овие предатори, функција што кај помалите видови ја преземаат рацете.
Мераксес гигас – наречен по змејот од серијалот книги „Ирга на тронови“ припаѓал на кархародонтосауруси, односно гуштери со остри заби.
Се верува дека овие влекачи од четири тони талкале по Земјата пред некои 90-100 милиони години.
Научниците велат дека други два вида диносауруси – тираносаурусите и абелисауридите, исто така развиле мали раце од слични причини.