Пронајдено телото на исчезнатиот од Виничко


Фото: Б. Грданоски

Во текот на вчерашниот ден во 18.13 часот во с.Истибања, виничко, кај место викано „Шилковица“, во канал за наводнување од река Брегалница, било пронајдено безживотното тело на Ј.Ѓ.(27) од виничко, за кого претходната вечер било пријавено дека се оддалечил од домот.

– Телото било извлечено од страна на Територијалната противпожарна единица Виница, а лекар од Итната медицинска помош Виница констатирал смрт без траги на насилство, информира МВР.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција.