Пронајдени родителите на двете деца заборавени во автомобил во Аеродром


Полицијата соопшти дека ги пронашла родителите на двете дечиња од седум и четири години кои вчера вечер беа заборавени во автомобил на паркинг во скопската општина Аеродром.

„На 28.08.2019 околу 21,50 во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на булевар „Видое Смилевски Бато“ во паркирано патничко моторно возило „алфа“ со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени. Од страна на полициските службеници веднаш е интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза““, информира полицијата.

По преземени мерки од полициските службеници пронајдени се Т.Т.(44) и М.Н.(35), родители на децата. Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.